На СП стартува европскиот шампион, дербито на денот се игра во Сиетл

Денеска на програмата се четири натпревари, а за првпат ќе го видиме и европскиот шампион кој според многумина е најголема фаворит за титулата.

Натпреварот во Атланта ќе го отвори натпреварувањето во Групата Х. Шпанија се среќава со Зеленортските Острови, и ќе сака да го отвори натпреварувањето со сигурна и убедлива победа. Од друга страна, ова е историски, дебитантски настап на Светското првенство за Зелентортскките Остропви, а беа одлични во најавата за шампионатот. Тие спроведоа два теста во последните две недели и ја здробија Србија со 3-0, а потоа ги надминаа Бермудите со истиот резултат.

Селекторот на “Фуријата’“ Луис де ла Фуенте веројатно нема да ризикува со Ламине Јамал и Нико Вилијамс од првата минута бидејќи тие сè уште се опоравуваат од повреди. Торес и Ојарзабал треба да добијат шанса во нападот. Се очекува сигурна победа за Шпанија, а секој друг исход би бил сензација од прва класа.

Оваа средба започнува од 18 часот, а од 21 часот се игра дербито на денот и тоа меѓу Белгија и Егиет.

Следуваат средбите С.Арабија – Уругвај и Иран – Нов Зеланд.

ГРУПА Х

АТЛАНТА – 18.00 Ч

Шпанија – Зеленортските Острови

ГРУПА Г

СИЕТЛ – 21.00 Ч

Белгија – Египет

ГРУПА – Х

МАЈАМИ – 00.00 Ч

С.Арабија – Уругвај

ГРУПА Г

ИНГЛВУД – 03.00 Ч

Иран – Нов Зеланд

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО