Српскиот тенисер Новак Ѓоковќ по петти пат е добитник на наградата „Laures“, или во превод е избран за Лауреат, или најдобар спортист во светот.
Истата награда Новак Ѓоковиќ ја добиваше и претходно во 2012 година, потоа во 2015 и 2016 и 2019 година.
Церемонијата на доделување на оваа Лауреат награда се оддржа во „Палатата на телекомуникациите“, еден од симболите во Мадрид, а ова престижно признание Ѓоковиќ го доби во конкуренција против Томи Брејди, еден од најдобриот американски фудбал играчи.
– Нереално е дека ти ми ја давам оваа награда. Ти си мој спортски херој и пријател. Некој на кој можам да се угледам не само во спортот, туку и во животот, порача Ѓоковиќ обраќајки се кон Томи Брејди.
Новак Ѓоковиќ во 2023 година играше на 12 турнири (13, сметајки го и Дејвис Купот), оствари 56 победи, седум пати беше поразен. Преведено во сетови, 144 освои, 32 ги загуби, а тоа е 82% успешност, нешто на кое му немаше рамен на АТП листата.
Се пласираше во осум финалиња и освои седум пехари, беше најдобар на повеќето од половината турнири на кои излезе на терен.