Првиот човек ги загрижи навивачите на Партизан: Ќе имаме ист буџет за новата сезона, но..

На белградскиот клуб Партизан сезонава им побегна плеј-инот од раце во Евролигата, па за идната сезона воопшто не постои гаранција дали и догодина ќе играат во ова натпреварување.

Како што рече првиот човек на клубот, Остоја Мијајловиќ, сето тоа може да се одрази на работењето на клубот, односно доколку не се дел од Евролигата идната сезона.

– Точно е дека не знаеме дали ќе играме во Евролигата, или Еврокупот во овој момент, но Партизан има своја вредност. Жељко дојде во Партизан кога ние игравме Еврокуп, свесно, Пантер и Ледеј дојдоа свесно овде, кога игравме Еврокуп. Доколку беше некој друг клуб во прашање, гарантирам дека наведените луѓе, немаше да го носат дресот на клубот кој игра во Еврокупот. Доколку играме во Еврокупот, договорите со спонзорите ќе бидат намалени за 70%, истакна Мијајловиќ во поткастот на Спортклуб.

– Мора да нагласам дека очекувањата не се реални. Не сме ние грчките клубови па да поделиме 10 милиони евра од ТВ правата. Од Евролигата и АБА лигата, ние не добиваме скоро ништо, односно за кикирики во однос на клубовите против кои се натпреваруваме. Панатинаикос и Олимпијакос добиваат по 10 милиони евра за делба, тоа е малку и болно кога ќе видите против какви клубови играте, а сте најгледана екипа во Евролигата, а од ТВ правата да не добивате ништо. Во меѓувреме, успеавме да ги стабилизираме финансиите, но и тоа не е гаранција каде ќе се натпреваруваме идната сезона. Партизан секако ќе има сличен буџет како и оваа сезона, затоа што тој сезонава беше доста висок. АБА лигата нема гарантирано местоа во Евролигата, треба да добиете посебна покана. Не сум сигурен дека ќе играме Евролига идната сезона, навистина не сум. Дали ќе добиеме А лиценца? Не верувам. Одлуките ги носат сопственивите на клубовите во Евролигата, порача Мијајловиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО