Елези со порака пред Хрватска: Предизвик е да се игра против „бронзените“ од СП

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра првиот од двата контролни натпревари за овој месец, против репрезентацијата на Хрватска.

По Ријека, Македонија ќе гостува во Чешка, во гратчето Храдец Кралове, каде ги очекува дуел против домаќинот и против кои ќе може да тестираме до каде сме.

Од последниот тренинг пред мечот со Хрватска, свое видување даде репрезентативецот Агон Елези.

– Драго ми е што повторно сум со момците во репрезентацијата, се подготвуваме на највисоко ниво и навистина е предизвик што се соочуваме со Хрватска, селекција која беше бронзена на последното Светско првенство.

– Секогаш сме мотивирани кога играме за Македонија и така треба да се однесуваме и на терен. Да ги почитуваме задачите од селекторот и да се надеваме на позитивен резултат, порача Елези.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО