Фримпонг може да бира каде да оди

Десниот бек на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, се наоѓа на радарот на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, наведуваат денеска дел од медиумите во Германија.

Според нив, 23-годишниот одбранбен играч претпочита клубови од англиската Премиер лига. Тој има договор до јуни во 2028 година а неговата трансферна сума е околу 50 милиони евра. Фримпонг игра за Баер Леверкузен од 2021 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО