Франција – Шведска, четврто полуфинале по ред

Франција и Шведска ќе играат во полуфиналето на Европското првенство (EП) во ракомет во Германија, четврти пат по ред на големите настани од 2021 година.

Во полуфиналињата на Светското првенство (СП) 2021 и na ЕП 2022-та, Швеѓаните победија, но минатата зима во Стокхолм, Франција го победи домашниот тим во полуфиналето на СП 2023-та.

– Никогаш не можете да го бирате противникот. Шведска е една од најдобрите тимови во светот. Ние ги знаеме многу добро, но и тие нас. Тоа ќе биде класика. Имаме четири дена да се подготвиме за натпреварот. Прво малку ќе се опуштиме бидејќи стигнавме до нашата прва цел на овој турнир, изјави Лука Карабатиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО