Хрватска сепак има шанси за квалификациски турнир кој може да ги одведе на Олимписките игри

Хрватската ракометна репрезентација остана без шанси за пласман во полуфиналето од ЕП, по поразот од Исланд синоќа. Тие доживеаја пораз со резултат 30:35.

Со тој резултат Хрватите ги загубија и шансите директно да се пласираат на Олимписките игри во Париз. Имено, европскиот шампион годинава ќе добие директен пласман на ОИ.

Со оглед на тоа дека Франција е домаќин на Олимпијадата, тие веќе се квалификувани директно како домаќин, а своето место го осигура и репрезентацијата на Данска како светски шампион на последното СП.

Во случај европското финале да се игра помеѓу репрезентациите на Франција и Данска, тогаш третопласираниотод ЕП ќе оди директно како претставник од Европа.

Хрватска своето место на ОИ ќе го бара преку квалификациски турнир, кој ќе се оддржува од 14. до 17. март.

Во тој термин ќе се одиграат три турнири кои ќе сочинуваат една група со четири екипи, од кои двете најдобри во групата, ќе осигурат пласман на ОИ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО