(ФОТО) Испиша историја на ЕП па направи забранет потег! Покрената постапка против Турчинот

На најзаслужниот човек за пласманот на Турција во четвртфиналето на ЕП, Мерих Демирал, му се заканува суспензија од УЕФА, поради контроверзната прослава на голот.

Турскиот стопер кој испиша историја постигнувајќи два гола против Австрија, направи контроверзен гест; со двете раце го покажа симболот на „Сивите волци“, расистичка, ксенофобична, националистичка екстремно десничарска паравоена организација која има корени во Турција, пишува „Мундо Депортиво“.

Шпанскиот весник наведува дека гестот на 26-годишниот фудбалер изнервирал многу навивачи. Во Австрија знаците „Сиви волци“ и „Волк поздрав“ се забранети од март 2019 година, а во Германија со години наназад се зборува за нивна забрана.

Но, тоа како да не го засега Демирал, кој очигледно не се двоуми да ги каже своите ставови, но ја „трогна“ УЕФА која не трпи политички пораки на фудбалските терени и која веќе покрена истрага против турскиот репрезентативец.

– Во врска со осминафиналето на Европското првенство 2024 година меѓу Австрија и Турција, одигран на 2 јули 2024 година во Лајпциг, Германија, отворена е истрага согласно член 31(4) од Дисциплинските прописи на УЕФА во врска со наводното недолично однесување на турскиот играч, Мерих Демирал, стои на официјалната интернет страница на УЕФА.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО