Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп верува во германската репрезентација, но смета дека Шпанија би можела да стане нов европски шампион.
Откако го напуштија Ливерпул во мај, по девет години, Клоп и неговата сопруга Ула уживаат во благодетите на животот во шпанската Мајорка, далеку од тренерскиот стрес.
– Цел живот сонував за куќа на југ. Ми се допаѓа времето, климата, ми се допаѓаат луѓето. Има многу работи што ми се допаѓаат овде, изјави германскиот тренер за германскиот „Билд“ минатиот месец.
Секако дека Клоп го следи ЕП. Во разговор со Агостина Ларока, новинар на ЕСПН, тој ги коментираше своите фаворити.
– Германија е добра, Франција е добра, Англија ќе биде подобра, дефинитивно. Во моментов изгледа дека Шпанија може тоа да го направи, додаде тој.
Германија и Шпанија ќе играат во четвртфиналето, во петок во Штутгарт. Во останатите дуели ќе се сретнат Франција – Португалија, Англија – Швајцарија и Холандија – Турција.