Не стивнуваат критиките против Роналдо: „Солзи! Глупости, тој мисли само на себе„

Поранешниот ас на Германија, Дитмар Хаман, му се нафрли на Роналдо, на неговата реакција по промашениот удар од белата точка и на солзите: „Тоа е целосна глупост, тој мисли само на себе“.

Португалија победи во четвртфиналето на ЕП во тежок натпревар против Словенија (1:0). Словенците одиграа одличен натпревар и беа елиминирани дури по изведување пенали, а една од најголемите приказни од тој меч на играта беше Кристијано Роналдо.

Славниот Португалец промаши пенал во 105. минута, или подобро кажано Јан Облак му го одбрани. Потоа Роналдо се расплака, соиграчите го тешеа на теренот, а околу тоа се уште има многу полемики. Свое мислење има и поранешниот познат германски фудбалер, Дитмар Хаман.

– Морам да признам дека и јас поверував дека Кристијано Роналдо станал тимски играч повеќе отколку што беше порано. И јас верував во таа глупост, но мислам дека тој повторно го покажа своето вистинско лице.

Кога почна да плаче откако го промаши пеналот, ми стана јасно дека и натаму се’ се врти околу него, изјави Хаман за ирската телевизиска куќа РТЕ.

Поранешниот германски ас смета дека португалскиот селектор, Роберто Мартинез морал да реагира во таа ситуација.

– Никогаш не сум видел такво нешто, бидејќи штом ги покажеш чувствата, штом станеш емотивен, веќе е готово. Тоа беше точката кога тренерот/ селекторот мораше да каже: „Мораш да ја напуштиш играта затоа што не си во вистинска состојба да продолжиш да играш“.

Кристијано Роналдо остана во игра и го реализираше првиот пенал што овојпат го реализираше.

– Морам да му оддадам заслуга што ја презеде одговорноста и го изведе првиот пенал. Добро го изведе, тоа беше добар удар. Но, приказната за тоа како тој станал тимски играч е целосна глупост. Тој мисли само за себе, заклучил Хаман.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО