(ФОТО) Гасперини: „Фармацевтите“ се добро организиран и флексибилен тим

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, го пофали вечерашниот противник во финалето на Лига Европа (ЛЕ), Баер Леверкузен, кој сезонава не е поразен на 51 последователен натпревар во сите натпреварувања.

– Баер е навистина многу добро организиран тим. Имаат многу квалитетни играчи, не само во нападот. Тоа е доста флексибилен тим кој одлично се брани и одлично игра контранапади. Тие се силен противник кој ќе ни прави проблеми, нивните игри во последните месеци говорат сами по себе, изјави Гасперини.

Тој откри дека холандскиот интернационалец, Мартен де Рун ќе биде со тимот и покрај тоа што нема да игра во финалето во Даблин. Играчот од средниот ред се повреди на финалниот меч од финалето за Купот на Италија против Јувентус (0:1).

– Би сакал Де Рун да биде на теренот. Тој нема да настапи, но мило ми е што барем ќе бидеме заедно во соблекувалната. Тој отсекогаш бил примерен капитен, во однос на однесувањето и залагањето, жал ни е што ќе го пропушти натпреварот, но ќе ни ја даде потребната енергија, истакнува Гасперини.

Навивачите на Аталанта се обидоа да го расположат повредениот играч поставувајќи транспарент пред неговиот дом во Бергамо со натписот:  „Чувство на припадност, пожртвуваност и испотен дрес во секое време. Де Рун, веќе го освоивте вашиот пехар“.

Де Рун го сподели тоа на својот Инстаграм профил, со порака до навивачите  на Аталанта. „Ок, ова ме натера да се расплакам утрово“, напиша играчот од средниот ред.

„Знаев дека имаме посебни навивачи, но ова е толку убаво и такво изненадување, пред нашата куќа, еден ден пред големото финале. Ви благодарам многу; тоа е навистина посебно.”

Де Рун (33) сезонава беше клучен играч на Аталанта. Само двајца играчи, Берат Џимсити (4.158) и Едерсон (3.995), имаат одиграно повеќе минути од него (3.938) во сите натпреварувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marten de Roon (@martenderoon15)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО