ФФМ: Претставена идејата и планот за брендирање на Првата женска лига

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Комисијата за женски фудбал денеска во „Куќа на фудбалот“ ја претставија идејата за брендирање и препознатливост на Првата женска фудбалска лига.

Имплементација на проектот во првата фаза се состои од изработка на визуелни решенија (брендинг) за стадионите во Првата лига и продукција на директни преноси (стриминг) од дерби натпреварите.

– Во 2021 година ФФМ за прв пат усвои стратегија за женски фудбал. Низ истражувањата кои ги спроведовме подготвувајќи ја стратегијата беше утврдено дека женскиот фудбал во Македонија има потреба од поголема препознатливост и видливост и тоа во сите сегменти, од лиги до национални тимови.

Се надеваме дека овој прв чекор ќе придонесе кон поголема популаризација и развој на женските фудбалски натпреварувања, изјави потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев.

Намерата е со ефективно брендирање на лигата да се инспирираат повеќе девојки да се занимаваат со фудбал, а преку изградбата на силен бренд за елитното женско натпреварување да се обезбеди подобра видливост на женскиот фудбал.

Сакаме да ја подобриме свеста и да им помогнеме на играчите, клубовите и на сите директно вклучени да се гордеат што ќе бидат дел од такво натпреварување, се наведува на интернет страницата на ФФМ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО