Официјално: Килијан Мбапе потпишува за Реал Мадрид

Килијан Мбапе (25), капитенот на Франција и на ПСЖ, по истекот на договорот во јуни ќе го напушти клубот и ќе замине во Реал Мадрид.

Мбапе сè уште нема ставено потпис на договорот со Реал. Официјалната потврда на зделката ќе биде објавена откако двата клуба и теоретски не ќе можат да се сретнат во Лигата на шампиони (ЛШ) сезонава.

Светскиот шампион од Русија 2018 и вицешампион од Катар 2022-та, е рекордер според дадените голови за ПСЖ , 244.

Откако минатиот четврток се појавија информациите дека ќе си замине, Мбапе беше изоставен од стартната постава за саботниот натпревар против Нант, 2:0.

Но потоа влезе во игра и постигна гол од пенал. ПСЖ е на врвот на табелата во Лига 1, со 53 бода, 13 повеќе од второпласираниот Брест

Мбапе треба да потпише петгодишен договор со Реал за плата од 15 милиони евра по сезона, плус 150 милиони евра бонус за потпишување што треба да му се исплатат во текот на пет години. Тој ќе задржи и процент од правата на неговиот имиџ.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти веќе ја планира улогата на Мбапе во тимот. Играчот од средниот ред на Англија, Џуд Белингам би требало да игра подефанзивно, по левата странична позиција треба да биде Бразилецот Винисиус Жуниор, а поцентрално би играл Мбапе.

Доколку, како што се очекува, Хрватот Лука Модриќ си замине летово, тогаш Мбапе би го наследил дресот со број 10 што го носи во Франција.

ПСЖ има преднст против Реал Сосиедад (2:0) по првиот осминафинален натпревар во ЛШ. Реал го победи Лајпциг со 1:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО