Фернандо Иеро е нов директор на Ал Наср

Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Иеро е назначен за нов спортски директор на Ал Наср од Саудиска Арабија.

Иеро ќе му биде директор на Кристијано Роналдо со кого соработуваше од времето кога му беше помошник на Карло Анчелоти во Реал. Фернандо Иеро дојде во Ал Наср откако ја заврши епизодата во Мексико, каде што беше спортски директор на Чивас де Гвадалахара.

Поранешниот шпански селектор и играч на Реал Мадрид, по четврти пат ќе работи како спортски директор откако ја извршуваше таа функција во шпанската репрезентација, во Чивас и во Малага.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО