Ѓоковиќ го чека подолга пауза

Новак Ѓоковиќ денеска ќе биде опериран во Париз. Србинот го повреди коленото на Ролан Гарос и по препорака на лекарите веднаш ќе оди на операција.

Тоа значи дека Ѓоковиќ ќе го пропушти третиот грен слем турнир сезонава, на Вимблдон, а од понеделник ќе го загуби и првото место на АТП листата.

Тој вчера се повлече од турнирот во Франција поради скинат медијален менискус на десното колено. Од таборот на Ѓоковиќ се надеваат дека ќе може да настапи на Олимписките игри во Париз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО