Германија ќе биде домаќин на Европското првенство (ЕП) летово, на кое верува дека може да победи. На официјалната интернет страница на Бундеслигата (bundesliga.com) се наведуваат пет причини зошто е можно такво нешто.
1.Предност поради играњето дома: Се смета дека за избраниците на селекторот Јулијан Нагелсман, играњето пред препони трибини со домашни навивачи за нив ќе биде дополнителен, позитивен поттик.
Историјата сугерира дека симпатизерите на Германија можат да очекуваат нивната селекција да стигне далеку на турнирот. Португалија (ЕП 2004), Франција (2016) и Англија (2021-та) беа поразени финалисти на домашен терен, а Шпанија (1964), Италија (1968) и Франција (1984-та) беа победници пред своите навивачи.
2. Добра атмосфера: По одличната клупска кампања во 2023/24-та, германскиот фудбал во моментов е во фантастична ситуација. Баер Леверкузен, стана првиот тим кој заврши сезона во Бундеслигата без пораз, го освои и домашниот куп и стигна до финалето на Лига Европа (ЛЕ).
Флоријан Вирц, Роберт Андрих и Џонатан Тах, кои се дел од евро-тимот на Нагелсмам, беа составен дел од тие достигнувања.
Борусија Дортмунд загуби во финалето на ЛШ, од Реал Мадрид, во чии редови важни играчи се Тони Крос и Антонио Рудигер кои ќе се обидат да го надоградат тоа на ЕП. Сè на сè, има многу позитивност околу таборот на Германија, што Нагелсман ќе сака да го искористи.
3. Екстра квалитетни млади играчи: Германија има двајца извонредни таленти, во Вирц и во Џамал Мусиала. Првиот ја имаша најдобрата кампања откако стана професионалец, освојувајќи ја титулата во Бундеслигата, како и наградата за играч на сезоната.
Тој беше единствениот играч кој постигна најмалку 10 гола и 10 асистенции во првенството и се очекува да биде клучен креатор на играта летово. Мусиала, пак, одамна е етаблиран меѓу елитата. На 21-годишна возраст, тој веќе е четирикратен шампион во Бундеслигата.
Покрај нив треба да се споменат Максимилијан Бејер од Хофенхајм и Александар Павловиќ кој влезе во првиот тим на Баерн на возраст од само 20 години.
4. Искуство и успеси: Талентите се добредојдени, но тоа не е доволно само по себе за успех. За среќа, Германија има многу искусни поединци кои биле успешно на клупско и на репрезенативно ниво.
Тројца играчи беа дел од тимот што триумфира на Светското првенство (СП) 2014 година. Тоа се Мануел Ноер, Тони Крос и Томас Милер кои имаат над 100 настапи за својата земја и се пример за помладите.
Сите тројца имаат победувано и во Лигата на шампиони (ЛШ). Џошуа Кимих, Рудигер, капитенот Илкај Гундоган, Марк-Андре тер Штеген и Каи Хаверц исто така застанаа на највисокото скалило на европскиот фудбалски подиум
5. Победничка група: Германија како домаќин ќе го отвори ЕП против Шкотска во Минхен, на 14 јуни. Другите ривали во групата се Унгарија и Швајцарија кои реално не би ребало да ја спречат Германија да се квалификува во следната, нокаут рунда.
Таму за ривал би добиле селекција од групата Ц, Англија, Данска, Србија или Словенија. Уште еден ривал што може да се мине на патот до четвртфиналната фаза