Евертон ќе бара 80 милиони фунти за Брантвејт од Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед ги договорил личните услови со дефанзивецот на Евертон, Џаред Брантвејт, но клубот од Мерсисајд ќе бара 80 милиони фунти за 21-годишниот играч. Преодниот рок во англиската Премиер лига почнува денеска и ќе трае до 30 август.

„Би-би-си“ објави дека Евертон не сака да го продава Брантвејт, за кого многумина сметаат дека требало да се најде во репрезентацијата на Англија за Европското првенство (ЕП).

Евертон верува дека е само прашање на време кога Брантвејт ќе стане редовен англиски репрезентативец и го ставаат во истата „парична“ група со Хари Мегваер и со Јошко Гвардиол.

Мегваер го чинеше Јунајтед 80 милиони фунти кога дојде од Лестер во 2019 година. За Гвардиол, Манчестер сити минатото лето на Лајпциг му плати 77 милиони фунти.

Брантвејт го привлече вниманието со серијата импресивни настапи како лев централен дефанзивец, помагајќи му на Евертон да избегне испаѓање од Премиер лигата и покрај одземањето два бода поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО