Марио Танкоски е нов играч на Вардар

Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на ракометниот клуб Вардар. Повремениот македонски репрезентативец кој игра на позицијата среден бек, ќе го облече „црвено-црниот“ дрес и доаѓа како играч од кого многу се очекува во иднина, играч кој има огромен потенцијал.

Танкоски потекнува од Струга од каде што доаѓаат голем број ракометни таленти и докажани ракометари. Тој во кариерата има играно за Металург 2, потоа за Металург и по четири сезони минати во Битола се враќа во Скопје. Зад себе има две титули и еден Куп на Македонија.

Во репрезентацијата на Македонија играше на СП 2019 година и на ЕП 2020 година.

– Се радувам на доаѓањето во Вардар по неколкуте неуспешни обиди. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на управата и на Стручниот штаб, и секако се надевам на добри резултати во следните сезони, вели Танкоски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО