Домаќините сепак пресилни: Македонија елиминирана од ЕП

Македонската ракометна репрезентација го запиша и вториот пораз во групната фаза од ЕП, откако вечерва бевме поразени од домаќинот, репрезентацијата на Германија со резултат 25:34.

Натпреварот иако почна рамноправно и се играше гол за гол, чувството беше дека како одминуваше времето, Германија го преземаше водството и иницијативата на терен.

По првиот дел, Германија замина на пауза со пет голови предност (13:18), па предизвик за нашите ракометари беше тоа да се обидат во вториот дел да сторат нешто повеќе од оваа негатива.

Во вториот дел Германија не дозволи некои поголеми изненадувања, па и вториот дел заврши во нивна корист (13:16), па со +9, апсолутно ја заслужија победата против Македонија.

По вториот пораз, Македонија остана и математички без шанси за евентуален пласман во втората фаза, а натпреварот против Швајцарија ќе биде повеќе од симболичен за избраниците на Кире Лазаров.

Јури Кнор беше најрасположен за игра на оваа средба, постигна десет голови, додека кај нашите ракометари, најефикасен беше Ненад Костески со шест погодоци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО