Просинечки посочи два фактори поради кои не успеал во Реал Мадрид

Некогашната југословенска фудбалска ѕвезда, неповторливиот Роберт Просинечки, во своето последно интервју, сподели детали од кариерата и животот.

Еден од легендарните играчи на Црвена Звезда со кои се искачија на европскиот врв од фудбалот, отворено зборуваше за шпански АС зошто не успеа во Реал Мадрид.

– Немав среќа едноставно, во Реал дојдов кога на Балканот беснееше разорна војна, семејството ми остана таму, а јас во Мадрид живеев сам. На почетокот ме пресекоа повредите и големиот притисок.

– Токму поради тие фактори не успеав да го покажам својот потенцијал и најдобрата верзија од себе. Но таков е животот, не размислувам повеќе за тоа, не ни сакам да слушнам, ниту жалам поради нешто. Горд сум што играв за Реал и Барселона, вистина е дека не успеав таму, но имам убави спомени за времето минато во Шпанија, порача Роберт Просинечки.

Тој за Реал Мадрид играше во периодот од 1991 до 1994 година, за во Барселона да игра подоцна од 1995 до 1996 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО