ЛШ: Борусија Дортмунд ќе заработи повеќе пари ако не ја освои титулата!

Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе играат во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) на „Вембли“, на 1 јуни. Победникот ќе добие дополнителни 20 милиони евра на досега освоените пари, но интересно е што Борусија ќе заработи повеќе доколку загуби во финалето! Причината за тоа e трансферот на Џуд Белингам минатата година.

Младиот, 20-годишен англиски играч за врска пристигна во Мадрид минатото лето од Борусија Дортмунд. Вредноста на тој трансфер изнесуваше 103 милиони евра, но во таа сума не беа вклучени бонусите, попрецизно сумата би можела да биде 133,9 милиони евра.

Во трансферот Борусија договори голем број ставки според кои клупската каса се полни поради игрите и успесите на Белингам. Секој гол, секое индивидуално признание, секој трофеј… сето тоа насочува милиони од Мадрид во Дортмунд.

Наводно, во таа зделка било договорено Реал да и плати на Борусија бонус од пет милиони евра, доколку за време на првиот договор на Белингам со мадридскиот клуб, односно во период од шест години, мадридскиот великан ја освои титулата во ЛШ.

На ова треба да се додаде и евентуален бонус од два милиони евра доколку Белингем биде избран во најдобрите 11 сезонава во ЛШ, што е многу веројатно.

Бидејќи финалистот во ЛШ добива дополнителни 15 милиони евра, јасно е дека Бориусија Дортмунд повеќе финансиски би заработила со пораз во финалето отколку со победa!?

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО