Џони Еванс може да остане на „Олд Трафорд“ уште една сезона

Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс би можел да остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона. 36-годишниот репрезентативец на Северна Ирска би можел да биде задржан во клубот во зависност од другите летни трансфери.
„Дејли Мејл“ тврди дека информациите за претстојното пензионирање на Џони Еванс може да се покажат како многу претерани.

Селекторот на Северна Ирска, Мајкл О’Нил ги отфрли најновите шпекулации на социјалните мрежи во пресрет на натпреварот на неговата репрезентација против Шкотска на „Хемпден Парк“ во вторникот вечерта, при што извори од Јунајтед, исто така, фрлаат сомнеж врз можноста Еванс да ги закачи копачките на крајот од сезоната.

Се верува дека 36-годишниот ветеран сè уште нема желба да ја заврши активната кариера и чека да види дали ќе му биде понуден нов договор од Јунајтед или ќе мора да бара друг клуб. Еванс потпиша едногодишен договор минатото лето пред почетокот на сезоната, но новата 12-месечна понуда ќе зависи од потенцијалните влезни и појдовни трансфери на „црвените ѓаволи“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО