Детроит му врачи отказ на Монти Вилијамс

Детроит Пистонс одлучи да го отпушти Монти Вилијамс од позицијата тренер на тимот. Веста ја потврди инсајдерот Адријан Војнаровски.

Вилијамс му се приклучи на Детроит во 2023 година, потпишувајќи шестгодишен договор со тимот. Според ESPN, одлуката за негово отпуштање била донесена на ниво на сопственичката структура.

Според Војнаровски, новиот претседател на Детроит, Трајан Ленгдон, кој претходно настапуваше за ЦСКА, ќе биде одговорен за пронаоѓање нов тренер.

Минатава сезона Пистонс го зазедоа последното, 15. место во поредокот на Источната конференција, со само 14 победи и дури 68 порази.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО