Стрелецот на првиот гол за Хрватска на мечот со Албанија денеска, Андреј Крамариќ, по ремито 2:2 вели дека пред неговата селекција сега има само една опција – победа над Италија во последното 3. коло.
– Ќе мораме да се фрлиме со глава против Италија. Сигурно можеме да ја победиме Италија. Знаеме дека многу пати сме биле во ваква ситуација. Ќе дадеме се од себе, ќе веруваме како што верувавме денеска во второто полувреме.
Италијанците се можеби најдобри во групата. Ќе биде тежок натпревар, но ќе дадеме максимум и ќе веруваме во она што го правевме во последните шест или седум години. Господ нека ни го отвори патот до среќата и нека продолжи натаму, изјави Крамариќ.