Дерби на денот Хрватска-Шпанија, Италија против Албанија

На Европското првенство во фудбал, денеска ќе се одигра вториот меч во А групата и двата натпревар во Б групата. Континенталниот шампионат, синоќа го отвори домаќинот Германија со убедливата победа над Шкотска 5:1.

Германија со триумфот над Шкотите речиси обезбеди место во нокаут фазата. Во овој систем, каде четири тропласирани селекции одат понатаму, Германците имаат одлична гол-разлика, а од претходно е познато дека три бода се доволни за место во осминафиналето.

Денеска од 15 часот, првото коло во А групата ќе го комплетираат Унгарија и Швајцарија.

Во Б групата на програмата се две интересни средби. Дербито е во Берлин, меѓу Шпанија и Хрватска. Дуелот ќе започне во 18 часот. Ова е реприза на финалето во Лигата на нации од минатата година кога Шпанија на пенали ја победи Хрватска.

„Мораме да бидеме силни како тим, да играме заедно. Индивидуално имаме голем талент, имаме квалитети, но мора да играме тимски. Знаеме дека не чекат силен противник. Сакаме да играме во финалето, но има и други репрезентации кои го сакаат тоа“, изјави 62-годишниот шпански селектор, Луис де ла Фуенте.

Тој откри дека Ајмерик Лапорте нема да игра против Хрватска.

Вториот натпреварувачки ден ќе го затвори дуелот во Дортмунд. Од 21 часот Италија против Албанија ќе ја започне одбраната на титулата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО