(Видео) Дончиќ херој, Далас го прегази Бостон

Далас Маверикс го победија Бостон Селтикс со 122:84 во четвртиот натпревар од финалето на НБА лигата.

Бостон Селтикс рутински ги добија првите три натпревари во финалето, за во четвртиот Далас Маверикс да се реваншира и да избегне „метла“ со победа од 38 поени.

Бостон има огромна предност од 3-1 и петтиот меч ќе го игра на домашен терен., каде ќе има шанса да го подигне шампионскиот трофеј што го носи името на легендарниот Лери О’Брајан.

Лука Дончиќ на критиките одговори со 29 поени и по пет скока и асистенции, Кајри Ирвинг имаше 21 поен, четир скока и шест асистенции, Тим Хардавеј 15, Дерек Лајвли 11 и 12 скока, а Данте Ексум постигна 10 поени.

Џејсон Тејтум го предводеше Бостон со 15 поени, Сем Хаузер имаше 14, Пејтон Причард 11, а Џејлен Браун и Џру Холидеј постигнаа по 10 поени.

Кристапс Порзингис го пропушти вториот последователен натпревар во финалната серија, бидејќи во вториот меч се здоби со ретка повреда на тетивата

Следниот меч ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник во Ти-Ди Гарден во Бостон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО