Дејвис ќе добие нова понуда да го продолжи договорот

Крилниот дефанзивец на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој влегува во радарот на неколку врвни европски клубови, може да остане и понатаму на „Алијанц Арена“, пишува денеска весникот – „Билд“.

Претходно, шпекулациите го „однесоа“ Канаѓанецот во Реал Мадрид што беше иницијална каписла за шефовите на Баерн да започнат преговори со неговиот агент задолжен за трансфери.

Минхен му нуди на Дејвис плата од 11-13 милиони евра по сезона. Доколку играчот не ја прифати понудата, клубот ќе биде принуден да го продаде во летниот трансфер период за околу 70 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО