Данците испратија порака до навивачите

Прес-службата на данската репрезентација упати апел до навивачите да дојдат во црвени маички на осминафиналниот меч со Германија. Мешавина од црвени дански симболи и бели германски, ќе создаде црвено-бела комбинација која е традиционална во Данска.

– Ги охрабруваме сите фанови да дојдат на натпреварот облечени во црвена маичка. Ве молиме помогнете ни да ја шириме пораката. Со дански ѕид од црвени дресови и бели германски дресови, стадионот ќе биде црвено-бел, напиша на социјалните мрежи прес-службата на данската фудбалска репрезентација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО