Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, ја оддржа веројатно неговата последна пресконференција.
Хрватската фудбалска репрезентација наскоро ќе ја напушти Германија, а според прописите, уште денеска мора да бидат присутни таму, се додека не заврши групната фаза од ЕП.
Теоретски шанси за пласман понатаму се уште постојат за нив, иако имаат само два бода, но се сведени на само 2%. Останувањето во Германија се чини како вистинска казна за „коцкестите“, посебно по шокот кој го доживеаја во 97. минута.
Несомнено е дека и селекторот Далиќ е скршен по тој резултат, бидејки е свесен дека следува разделба од кормилото на репрезентацијата.
– Тешка ноќ беше таа за нас против Италија, не знам што да ви кажам. Но ништо нема да ме поколеба, верувам во репрезентацијата. Им честиатам на трудот, енергијата, го оставија срцето на терен, за жал, не можам да им честитам на успехот. Нема да барам алиби, одговорноста е моја, неуспехот е мој.
– Посебна благодарност до навивачите, за оние кои беа на стадионите, беа наша голема поддршка. Не знам дали некогаш сме имале ваква поддршка, имавме стотици илјади навивачи во Германија, станаа симбол за една нација. Репрезентацијата е секогаш над се, но ги молам навивачите да останат заедно и единствени, да ја сакаат репрезентацијата и кога добива и кога губи, порача Златко Далиќ на пресконференцијата за медиумите.