Чесите поставија рекорд на Европските првенства

Репрезентацијата на Чешка денеска на натпреварот против Грузија упати 12 удари кон противничкиот гол и постави нов рекорд на шампионатите, а на крајот, сепак, не успеа да победи.

Според статистичките анализи на Опта Спорт, ова е рекорден број на удари од една репрезентација на еден меч од ЕП од 1980 година до сега на тим кој на крајот не успеал да победи на натпреварот.

Чесите поставија и рекорд на Евро 2024 за шутеви (27) и очекувани голови (3,1 xG).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО