Челси заинтересиран за Алварез од Сити!

Лондонски Челси ја разгледува можноста за ангажирање на напаѓачот на Манчестер сити, Хулијан Алварез, објавија неколку медиуми на Островот.

Според нив, „сините“ од „Стамфорд бриџ“ планираат наредните денови да испратат официјална понуда до Сити за Аргентинецот. Претходно во медиумите беше објавено дека за аргентинскиот репрезентативец се интересираат француски ПСЖ, како и шпанските гиганти, Барселона и Атлетико Мадрид.

Минатата сезона Алварез настапи на 54 натпревари во сите конкуренции, на кои постигна 19 гола и имаше 13 асистенции. Неговиот договор со Сити е до јули 2028 година. Според порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на Алварез е 90 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО