Ливерпул нуди 45 милиони за еден од клучните играчи на Аталанта

Ливерпул испратил понуда од 45 милиони евра за дефанзивниот играч за врска на Аталанта, Едерсон, но не е познато каков е одговорот на таа понуда.

Се верува дека тимот од Бергамо, 24-годишниот Бразилец го проценува на околу 50 милиони, и веројатно не би било проблем двата клуба да се договорат.

Едерсон го привлече вниманието со одличните игри во текот на целата сезона. Тој беше и еден од најдобрите играчи во финалето на Лига Европа (ЛЕ) против Баер Леверкузен.

Бразилецот е многу енергичен при пресинг играта и одземањето на топката, што одговара на стилот на игра што ја преферира новиот тренер на Ливерпул, Арне Слот.

Неколку дена наназад се тврди дека Холанѓанецот нема намера да се потпре врз засилувањето од минатото лето, Ватару Ендо и сака да ангажира поквалитетен дефанзивен играч за врска.

Ливерпул е заинтересиран за уште една ѕвезда на Аталанта. Станува збор за сонародникот на Слот, Теун Копмајнерс, кој исто така е трансферна цел и на Јувентус. Двајцата работеа заедно во АЗ Алкмар и одлично се познаваат.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО