„Бунт“ против Пикси, клучни играчи не сакаат да играат под негово водство?

Србија имаше катастрофално ЕП во Германија. Освои само два бода на трите натпревари, заврши на последното место во групата зад Англија, Данска и Словенија и прерано се врати дома.

Како главна причина за неуспехот, навивачите го сметаат селекторот Драган Стојковиќ. Според нив легендарниот фудбалер Пикси едноставно нема стручни квалитети да ја предводи Србија, а се чини дека со тоа се согласуваат и некои фудбалери.

Српските медиуми пишуваат дека дошло до „бунт“ во соблекувалната на „орлите“ и оти неколку големи ѕвезди наводно најавиле дека нема да играат за Србија се’ додека Пикси е на клупата на репрезентацијата.

Телеграф наведува дека феноменалниот голман Предраг Рајковиќ одлучил да не игра за Србија, а на таа „одметничка“ листа се и капитениот Душан Тадиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Александар Митровиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО