Италијанската Болоња која настапува во Серија А, испоратила понуда до германскиот ветеран, дефанзивецот Матс Хумелс (35). Понудата содржи плата од два милиони евра за едногодишниот договор и сега се чека одговорот од фудбалерот.
Медиумите објавија и дека во договорот за една година, постои опција за автоматско продолжување на уште една сезона. Хумелс би добил ѕри милиони евра (два милиони евра плата, плус еден милион евра како бонуси).
Минатата сезона Матс одигра 40 натпревари, постигна четири гола, плус една асистенција во дресот на Борусија Дортмунд.