Бешикташ го сака Ди Марија, но тој би останал во Бенфика или се враќа во Аргентина

Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија е предмет на интерес на турскиот гигант Бешикташ, објави новинарот Руди Галети. Според информациите, клубот пред неколку дена го контактирал крилниот напаѓач за да ја испита можноста за негово привлекување на лето.

Самиот Ди Марија, сепак, повеќе сака да остане во Бенфика, за која настапуваше минатата сезона, но му истече едногодишниот договор и тој е слободен играч. Доколку не се договори за нов договор со лисабонските орли, Аргентинецот ќе сака да се врати во родниот Розарио.

Токму поради оваа причина неговиот трансфер во Бешикташ во моментов е доста тежок за реализација. Ди Марија моментално е со репрезентацијата на Аргентина на Копа Америка, каде бранителот на титулата ќе се соочи со Еквадор во четврт-финалето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО