Беше легенда како играч, а сега поради овој потег, тифозите уште повеќе ќе го сакаат Де Роси

Несомнено е дека Даниеле Де Роси е голема легенда на римската волчица, во рангот на Франческо Тоти, а сега дојде ред тој да ја води екипата на која и го посвети цел свој живот и кариерата.

Даниеле Де Роси по воведната победа како тренер на Рома, против Верона, објасни на кој начин прифатил да биде тренер на својата фудбалска љубов.

– Имав кратка средба со сопствениците на Рома и отворено и реков, вие напишете го износот со кој сакате да ме платите и јас ќе прифатам. Единствено од бонуси што побарав беше доколку се пласираме во ЛШ следната сезона, да добијам бонус и тие прифатија.

– Со бордот на Рома договоривме соработка на само шест месеци, не постои клаузула која најавува продолжување на соработката. Без оглед дали сум легенда како поранешен играч, им реков дека треба да ме третираат како секој друг тренер. Одлуката за мене да станам тренер на Рома беше брза и непоколеблива, порача Даниеле Де Роси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО