Бензема сака да го напушти Ал Итихад поради ниското ниво на фудбалот

Напаѓачот на Саудискиот Ал Итихад – Карим Бензема е разочаран од животот во Саудиска Арабија и сака да го промени својот тим, пренесува шпанскиот портал Релево.

Според изворот, Бензема тоа им го кажал на своите пријатели при враќањето во Франција додека се опоравувал од повредата. Покрај тоа, напаѓачот неодамна купи палата во Мадрид и нема желба да се врати во Саудиска Арабија.

Во исто време, за да го зачува имиџот на својата земја, Ал Итихад нема да сака да се раздели со Бензема пред истекот на актуелниот договор на играчот, кој предвидува финансиски услови за напаѓачот кои најверојатно нема да ги повтори ниту еден Европски клуб.

Претходно во медиумите се појави информација дека францускиот фудбалер имал конфликт со главниот тренер на Ал Итихад – Марсело Гаљардо.

Карим Бензема (36) му се приклучи на саудискиот клуб во летото 2023 година како слободен агент. Оваа сезона забележа 29 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и давајќи осум асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026 година. Според информациите на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 15 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО