Слот е главен кандидат за наследник на Клоп

Холанѓанецот Арне Слот, тренерот на Феенорд е водечки кандидат за преземање на менаџерската функција vo Ливерпул, од Јирген Клоп! Германецот во јануари објави дека ќе го напушти „Енфилд“ на крајот од сезоната по што „црвените“ тргнаа во потрага по негов наследник.

Слот (45), кој со Феенорд ја освои титулата во Ередивизие лани, се појави како најнов кандидат кој одговара на критериумите на Ливерпул. Тој со Феенорд го освои Купот на Холандија сезонава и е на втората позиција во првенството со девет бода помалку од ПСВ.

Напаѓачкиот стил на игра што го промовира Слот, за кого наводно се заинтересирани Барселона и за Баерн Минхен, како и неговата способност да развива играчи, му одговараат на Ливерпул.

Слот беше поврзуван  со Лидс откако менаџерот Џеси Марш доби отказ, и со Тотенхем минатото лето пред да дојде преземе Ангелос Постекоглу. Слот потоа го продолжи договорот со Феенорд до 2026 година, а во времето кога беше поврзуван со Спарс, изјави:

– Следниот чекор нема да биде друг клуб во Холандија. Ако тоа е следниот чекор, тогаш јас целосно сум потфрлив. Нормален следен чекор би бил заминувањето во странство и секогаш сум велел дека најдобрата лига во светот е Премиер лигата.

Слот стана главен тренер на Феенорд во декември 2020 година, по заминувањето од АЗ Алкмар, каде што имаше успеси во првиот тренерски ангажман. Поранешниот играч од средниот ред, целата играчка кариера ја мина во Холандија, забележувајќи повеќе од 100 настапи за Цволе и за НАЦ Бреда.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО