Барселона испорача подобар од Хетафе (Видео)

Барселона испорача четири гола во мрежата на Хетафе и повеќе од заслужено освои нови три бода во Ла Лига, со кои сега за момент ја мина Џирона и најмалку до понеделник ќе биде на втората позиција.

Тимот на Чави Ернандес влезе фуриозно од самиот старт и максимално сериозно си ја сфати работата, а за разлика од некои други натпревари, денеска ги користеше и шансите.

Рафиња го отвори резултатот по одличното додавање од Кунде и најави добро попладне за домашниот тим, кој овојпат не попушти и во ситуација кога имаше водство и продолжи да ја полни мрежата на гостинот од Мадрид.

Жоао Феликс и Френки Де Јонг постигнаа два гола во првите 15 минути од вториот дел, па тогаш стана јасно дека победата останува на „Монжуик“.

Во самиот финиш, домашниот тим искористи уште еден напад, а во истиот Де Јонг асистираше до Роке, па одбиената топка заврши кај Фермин кој ги постави конечните 4:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО