Барела во Интер до 2029-та!

Играчот од средниот ред на Интер, Николо Барела ќе потпише нов договор со „нероаѕурите“. Според извори од клубот, новиот договор на 27-годишниот Италијанец ќе биде до летото 2029 година, а платата ќе му се зголеми од шест на седум милиони евра, плус бонуси.

Во јануари, Барела одби да се пресели во Манчестер сити, откако добил отворена понуда од менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Барела му се приклучи на Интер од Калјари во септември 2020 година за 32,5 милиони евра. Сегашниот договор важи до летото 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО