НЦАА: Кејтлин Кларк по стапките на легендарниот Пит Маравиќ

Кејтлин Кларк од Ајова на мечот против Мичичен, 106:89, во рамките на Универзитетската американска женска кошаркарска лига (НЦАА) постигна 49 поени што е личен и клупски рекорд (погоди девет тројки, плус 13 асистенции) и стана најефикасната во историјата на оваа лига со 3.569 поени.

Сезонава на 25 натпревари, Кларк (22) постигнуваше во просек по 32,8 поени. Во текот на кариерата нејзиниот просек изнесува 28,3 поени по натпревар.

Таа го собори рекордот на Келси Плам од Вашингтон, поставен во 2017 година, 3.527 поени. Следна цел на Кларк е соборување на рекордот на легендарниот Пит Маравиќ од 1970 година кој за три години играње универзитетска кошарка во Лујзијана (тогаш немаше тројки) постигна 3.667 кошеви.

За очекување е Кларк да го собори и рекордот на Линет Вудард, која е најефикасната колеџ кошаркарка на сите времиња. Таа играјќи за  Канзас од 1977 до 1981 година, постигна 3.649 поени.

Но женската универзитетска кошарка во САД тогаш не беше под ингеренција на НЦАА, што значи дека рекордот на Вудард е ограничен само на книгата за рекорди на Асоцијацијата за меѓуколеџ женски спортистки (АИАВ).

Соборувањето на двата рекорда би биле импресивни подвизи за Кларк која се очекува да биде прогласена и за најдобра кошаркарка во сезоната.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО