Артета: Покетино работи одлично

Фудбалерите на Арсенал утре во лондоснкото дерби ќе го пречекаат составот на Челзи. Тоа е одложен меч од 29 коло во Премиер лигата и директно решава за челните позиции на табелата. Тренерот на домаќините, Микел Артета, пред значајниот меч со градскиот ривал проговори за неговиот колега во спротивниот табор, Маурисио Покетино.

– Челзи треба да биде повисоко на табелата ако се погледне што направи на натпреварите. Тие стигнаа до финалето на еден куп и полуфиналето во друг. Покетино е навистина импресивен и сигурен сум дека ќе ги доведе до нивната цел, – изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО