Артета по завршување на сезоната: Едно нешто ви ветувам…

Арсенал и сезонава не успеа да ја исполни главната цел, освојување на титулата во Премиерлигата.

Откако вчера беа подобри од Евертон (2:1), но поради победата на Сити над Вест Хем (3:1), тие не станаа шампиони како што се надеваа.

По натпреварот, Микел Артета и играчите им се заблагодарија на навивачите за несебичната поддршка сезонава и им вети дека кога тогаш, ќе ја освојат посакуваната титула.

– Сето ова се случува поради вас, сето ова се случува бидејки почнавте да верувате во нешто големо. Им се извинуваме на навивачите што сезонава ги разочаравме. Не бидете задоволни со ова, бидејки сите посакувавме повеќе од ова, а тоа ќе го добиеме кога тогаш, во иднина ќе ја освоиме титулата. Се чувствувам тажно, бидејки навистина посакував да го испорачам овој трофеј. Кога тогаш, ќе го освоиме, ви ветувам, порача Микел Артета.

Арсенал веќе две сезони игра на високо ниво и скоро до крајот на сезоната се бори за титулата, а тоа посебно беше изразено сезонава, кога се бореа до последното коло.

Она што е сигурно дека доколку сопствениците на клубот му дадат доволна посветеност и трпение на Артета, но и некој милион повеќе, со поддршка од навивачите, Арсенал ќе се искачи на тронот.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО