Алкалоид до историски трофеј во Купот на Македонија преку пенал серијата против Еурофарм Пелистер

Финалето од Купот на Македонија во ракомет имаше вистинска драма на крајот, а екипата на Алкалоид успеа да слави по подобро изведување на пенали. Финалниот натпревар во регуларниот дел заврши нерешено 22:22, а по подобро изведување на пеналите Алкалоид се радуваше на трофејот со конечни 25-23,по што дојде до првиот историски трофеј во Купот на Македонија.

Целиот финален натпревар беше во еден борбен ритам и двете екипи се менуваа во водство за на крајот да заврши без победник и пенал серијата да биде таа која ќе го одерди победникот.
Седмерците ги отвори Серафимов на кого Лесјак му го прочита шутот, но и Кузмановски не успеа да го совлада Галевски. Втората серија ја отвори Симоноски со гол, возврати Кузманоски, а во следната серија Митев погоди за Алкалоид, а Радивојевиќ промаши за Еурофарм Пелистер. За Алкалоид, не реализираше Дамјан Митев, но за Пелистер промаши Ѓорѓоски, за на крај трофејот да го потврди Џонов со прецизен удар.
Најдобар стрелец на натпреварот за Алкалоид беше Симоноски со пет гола, пред Бинго, Дамјан Митев и Велковски со по четири гола, додека кај Еурофарм Пелистер, Пешевски со седум гола, додека Филип Кузмановски имаше шест реализации.

 

По завршувањето на натпреварот Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги прогласи најдобрите во финалето во Купот на Македонија.
За МВП на турнирот прогласен е Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер. Македонскиот репрезентативец беше главен разигрувач и голгетер во нападот и на двата меча. Најдобар стрелец на турнирот е Богдан Радивојевиќ од Еурофарм Пелистер кој заврши со 12 гола.
За најдобар голман, заслужено е прогласен Иван Галевски, кој фати два пенали со Еурофарм Пелистер, а исто така беше и херој во полифиналната средба против Вардар 1961.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО