Артета го пропушта последниот меч сезонава?

Микел Артета би можел да го пропушти последниот натпревар на Арсенал сезонава во Премиер лигата, против Евертон. „Топчиите“ имаат два натпревара до крајот и водат сериозна битката за титулата со Манчестер сити.

Актуелниот лидер на табелата би можел да остане без својот менаџер за последниот натпревар од сезоната, откако Артета доби пет жолти картони што значи дека е на само еден картон до суспензијата од еден натпревар.

Ако не успее да си ги задржи нервите на дуелот со Манчестер јунајтед викендов, Артета ќе биде принуден да седне на трибините на „Емирати“ за последниот сезонски меч против Евертон. Тоа и нема да биде најдобра солуција, доколку тој одлучува за титулата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО