Англија најверојатно без Трипие на мечот со Словачка

Англија најверојатно ќе остане без дефанзивецот Киран Трипие за осминафиналето на ЕУРО 2024 година со Словачка.
Дефанзивецот на Њукасл не учествуваше на денешниот тренинг на Англија, што го доведе под знак прашање неговиот настап на утрешниот натпревар во Гелзенкирхен.

Трипие имаше проблем со мускулот и пред почетокот на ЕП во Германија, но досега играше на сите три натпревари на својата селекција.

Доколку не успее целосно да се опорави за неделниот натпревар, Герет Саутгејт ќе мора да избере меѓу Конза и Џо Гомез како негова замена.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО