Алкараз без загубен сет во двата меча, Синер го скрши отпорот на Беретини

Првите две кола на Вимблдон не беа „прошетка во парк“ за бранителот на титулата Карлос Алкараз, но 21-годишниот шпански тенисер ги мина без загубен сет и обезбеди меч против Американецот, Френсис Тиафо.

На стартот од турнирот Алкараз два сета се мачеше со естонскиот квалификант Марк Лајал, а во 2. коло беше на прагот да го загуби првиот сет против Австралиецот, со црногорско потекло Александар Вукиќ, но на крајот славеше со 7:6, 6:2, 6:2.

Светскиот тенисер број 1, Италијанецот Јаник Синер, се пласираше во 3. коло на Вимблдон победувајќи го својот сонародник и финалист на овој турнир во 2021 година Матео Беретини со 7:6, 7:6,  2:6 и 7:6 по 3,42 часа игра.

Во 3. коло Синер ќе игра против Србинот, Миомир Кечмановиќ кој го совлада Холанѓанецот, Талон Грикспур со 4:6, 7:6, 1:6, 6:2 и  6:3.

Петтиот носител Данил Медведев исто така се мачеше, беснееше во првиот сет, се расправаше со своите тренери, но најде начин да забележи победа против Александре Милер со 6:7, 7:6 , 6:4 и 7: 5.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО