Расел го одреди фаворитот за новата сезона во Ф1

Возачот на Мерцедес, Британецот Џорџ Расел, истакна дека и сезонава во Ф1 која следи, фаворит за титулите ќе биде тимот на Ред Бул.

Гледајки ги првите резултати од тестовите, очигледно сите во Ред Бул препознаа фаворит за двете титули.

– Ред Бул е фаворит и дефинитивно се чекор напред пред сите останати, тоа можеби и се очекуваше, а сега доби потврда, порача Џорџ Расел.

Расел ги пропушти денешните предсезонски тестови на патеката во Бахреин. Тој на патеката ќе изелзе утре заедно со тимскиот колега Луис Хамилтон.

– Беше тешко за нас да се вози минатогодишниот болид, Луис и јас немавме многу доверба во него, не можевме да ги нападнеме кривините со средна и голема брзина, бидејки задниот крај на болидот беше премногу нестабилен. Минатата сезона гледавме многу недостатоци во тој дел, но да видиме како ќе биде сезонава, мислам дека има одредени промени на подобро, тимот си ја заврши работата, порача Расел.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО