Ред Бул ќе го замени Серхио Перез

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека Серхио Перез би можел да биде заменет со еден од двајцата членови на тимот на РБ, по разочарувачките резултати на Мексиканецот во неодамна завршената сезона во Формула 1.

Перез во јуни потпиша нов двегодишен договор со австрискиот тим, но во вториот дел од сезоната неговите резултати без под нивото.

Мексиканецот четири пати беше на подиумот во првите пет трки од сезоната, но од трката во Имола во средината на мај до минатонеделната трка во Абу Даби, тој освои само 49 поени. Перез е причината што Ред Бул ја загуби титулата меѓу конструкторите, која сезонава за прв пат во 1998 година ја освои Мекларен.

Зборувајќи за возачите на сестринскиот РБ, Лиам Лосон и Јуки Цунода, Хорнер рече дека и двајцата направиле добра работа во текот на сезоната. Цунода заврши на 12-то место во генералниот пласман со 30 поени, додека Лосон постигна четири поени на шест трки. Треба да се напомене дека возачот од Нов Зеланд во текот на сезоната го замени Даниел Рикардо.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 16 март следната година со Големата награда на Австралија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО