Шпанскиот ас Марк Маркез продолжува да блеска на патеките во Мото ГП, откако триумфираше и на спринт-трката за Големата награда на Унгарија.
Со новата победа Маркез ја продолжи успешната серија на оваа патека, каде што минатата сезона славеше и на спринтот и на главната трка, потврдувајќи ја својата доминација.
Зад искусниот Шпанец финишираше Педро Акоста, кој го освои второто место, додека на третото скалило на победничкиот пиедестал се искачи Марко Бецеки. Главната трка е закажана за во недела од 14:00 часот.